Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска пристигна во седиштето на НАТО во Брисел, каде го одржа својот прв говор. Она што најмногу привлече внимание беа неговите зборови за војната во Украина, со оглед на тоа што Хегсет одговори на три важни прашања за кои се дебатира во последните месеци. Во говорот што ги урна надежите на Киев, тој рече дека враќањето на границите на Украина во 2014 година е невозможно, дека Украина нема да се приклучи на НАТО и дека Америка нема да испрати свои војници да бидат дел од мировната мисија во Украина.
Тој предупреди дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година е „нереално“ и дека „следењето на оваа илузорна цел само ќе ја продолжи војната и ќе предизвика повеќе страдања“.
Тој истакна дека „САД не веруваат дека членството на Украина во НАТО е реален резултат на договорот“ со Русија.
Хегсет, исто така, отфрли какво било распоредување на американски војници во Украина како дел од мировните сили, велејќи дека европските трупи треба да организираат такви мисии.