Амбициозен план на корејската компанија – Samsung Galaxy доаѓа со тројно преклопување?!

26
EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

„Самсунг“ (SAMSUNG) моментално се подготвува да ги лансира моделите на преклопливи телефони Fold7 и Flip7 со поголеми екрани во 2025 година. Но, веќе некое време се шпекулира дека корејската компанија планира нешто поамбициозно – телефон со тројно преклопување.

Според претходните информации, овој уред требаше да биде претставен следната година, заедно со новите модели на споменатите телефони. Сепак, според Рос Јанг, индустриски аналитичар и извршен директор на DSCC, уредот не се очекува да пристигне до почетокот на 2026 година.

Оваа информација ја сподели Јанг на социјалната мрежа Х, одговарајќи на прашања од други корисници и споделувајќи дел од неговите внатрешни информации.

Повеќе како почетокот на 2026 година.

Засега единствен таков телефон на пазарот е Huawei Mate XT. Доколку оваа гласина се покаже како точна, смартфонот со тројно преклопен екран е голем предизвик за Samsung, кој најверојатно сака да влезе во нов сегмент на пазарот. Во моментов Huawei е единствениот производител со ваков тип на телефон – Mate XT, а уредот предизвика огромен интерес.

ИЗДВОЕНИ