Амбер Херд започна нов живот во Шпанија, го смени името

35

Американската актерка Амбер Херд започна нов живот во Мадрид, по прилично турбулентен период во нејзиниот живот и разводот со актерот Џони Деп, со кој беше на суд, пишува Euroweekly News.

Таа наводно го променила своето име во Марта Џејн Канари, вистинското име на Каламити Џејн, познатата каубојка од Дивиот Запад.

Се претпоставува дека таа го променила своето име поради анонимност, а локалните жители велат дека често ја гледаат како шета низ паркови и игралишта, како пие кафе и поминува време со нејзината ќерка Уна Пејџ.

Оние кои ја виделе наоколу ја опишуваат како пријателска, пристапна и што е најважно опуштена, пренесува порталот.

Во моментов не е јасно дали планира да се врати на актерството или да проба нешто сосема ново, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ