„Амазон“ плати повеќе од милијарда долари за креативна контрола врз франшизата за најпознатиот таен агент – Џејмс Бонд.
Студиото МГМ, кое е во сопственост на „Амазон“, објави дека постигнала договор со Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон, британско-американските наследници на филмскиот продуцент Алберт Броколи и долгогодишни покровители на франшизата, пренесува РТС.
Втората најпрофитабилна корпорација во светот потврди дека формирала заедничко партнерство со дуото за преземање на интелектуалната сопственост на Џејмс Бонд, при што Амазон ја задржува креативната контрола.
„Амазон“ не сакаше да ги открие точните финансиски услови на договорот, но холивудскиот портал Deadline најпрво ја објави сумата од 1 милијарда долари.
Со креативна контрола, „Амазон“ ќе има моќ да продолжи да снима нови филмови и потенцијални телевизиски спинофови, без никакво влијание од Вилсон и Броколи, кои го надгледуваа интегритетот на ликот создаден во 1953 година од Иан Флеминг.
Поминаа четири години од последниот филм „Нема време за умирање“, а нов филм за Бонд моментално не е во продукција.
Се чини дека ова ќе биде најдолгиот период без 007 од неговото деби.