Шведскиот атлетичар Андреас Алмгрен денеска постави нов европски рекорд на улична трка на 10 километри во Валенсија, со што стана првиот Европеец кој го поминал тоа растојание за помалку од 27 минути. Алмгрен ја заврши трката во Валенсија за 26 минути и 53 секунди, а претходниот европски рекорд го држеше Французинот Етјен Дагинос (27 минути и четири секунди).
Швеѓанецот го освои четвртото место на трката на 10.000 метри на минатогодишното Европско првенство во Рим. Тој не учествуваше на Олимпијадата во Париз поради повреда на потколеницата.
На второто место во Валенсија заврши Швајцарецот Доминик Лобалу, кој исто така имаше време побрзо од европскиот рекорд, заостанувајќи само една секунда зад победникот.