Швајцарскиот скијач Фрањо фон Алман го освои златниот медал во спуст на Светското првенство во Залбах. Тој победи со време од 1:40,68 минути и го освои првиот медал на светските првенства. На 23-годишна возраст, тој стана најмладиот светски шампион во спуст по речиси 70 години.

Фон Алман сè уште нема победа во спуст во Светскиот куп, но зимава три пати беше на подиумот во таа дисциплина.

Среброто го освои Австриецот Винсент Крихмајр со заостанување од 0,24 секунди, додека бронзата му припадна на Швајцарецот Алексис Мони со заостанување од 0,31 секунда.

Бранителот на титулата, Швајцарецот Марко Одермат, го зазеде петтото место, два дена по освојувањето на златото во супервелеслалом.

ИЗДВОЕНИ