Челниците на НБА лигата повторно го променија системот на натпреварување на Ол-стар викендот. Овој пат лигата спроведува револуционерна промена која наместо еден Ол-стар натпревар, ќе има мини-турнир.
Тој ќе биде спроведен уште на претстојниот Ол-стар натпревар на 16 февруари во Сан Франциско, во арената на Голден стејт.
На Ол-старот за прв пат ќе учествуваат четири екипи кои ќе одиграат три натпревари. Логично прво ќе се игра полуфинале, а во финалето ќе се сретнат победниците. Првиот тим што ќе постигне најмалку 40 поени ќе го добие натпреварот.
На Ол-старот ќе одат уште 24 играчи, кои ќе бидат поделени во три тима во кои ќе бидат извлечени од аналитичарите на НБА, по кои ќе бидат именувани тимовите: Кени Смит, Чарлс Баркли и Шекил О’ Нил. Четвртиот тим ќе биде тимот што ќе победи на традиционалниот натпревар „Ѕвезда во подем“, односно натпреварот помеѓу дебитанти и играчи од втората сезона во НБА.