Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев, не можат да најдат консензус по пристигнувањето во Индијан Велс. Пред првиот Мастерс сезонава имаше промена на површината, а со тоа и дискусија – дали е сега побрзо или побавно?
„Малку го забрзаа. Не разбирам зошто го направија тоа. Овој турнир се играше на иста подлога веќе 25 години и сега го сменија. Навистина не ја знам причината. Мислам дека сум тенисер кој добро се прилагодува на различни подлоги, но морам да видам како ќе биде тука. Верувам дека играм тенис добро, дури и кога на терените реков дека завршив брзо на натпреварот.
Рускиот тенисер, пак има поинакво мислење за терените во Индијан Велс
„Ќе бидам искрен со вас, во ред е. Дури и новите терени ми се допаѓаат, но изгледаат уште побавни отколку што беа. Денеска случајно го испуштив рекетот од мала височина, навистина не го фрлив (се смее), а рачката целосно се скина од тоа колку е груб теренот кога е така бавен“, го даде своето мислење Русинот.
Турнирот од серијата 1.000 започнува неделава па ќе се види дали побрзата подлога повеќе му одговара на Алкараз или на побавниот Медведев – иако се сосема исти.
И двајцата се слободни во првиот круг. Титулата ја брани Алкараз, кој минатата сезона во финалето го совлада Медведев.