Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се закити со титулата на мастерс турнирот во Пекин, откако во финалето, во три сета го совлада светскиот тениски рекет број еден Италијанецот Јаник Синер со 6:7, 6:4, 7:6.
Ова беше десетта јубилејна средба на двајцата лидери на новата генерација, а Алкараз успеа да победи и покрај тоа што го загуби првиот сет. Шпанецот победи на двете овогодишни средби, во Индијан Велс и Ролан Гарос, но Синер лани славеше во полуфиналето во Пекинг.
Исто така, Синер доминира во целата сезона со шест освоени турнири и до овој момент беше во серија од 15 победи.