Ракометарите на Алкалоид се пласираа во полуфиналето на Европскиот куп откако денеска во Скопје ја совладаа романската Баја Маре со 32-25.
Избраниците на Лазаров денеска одиграа многу подобро од противникот и заслужено стигнаа до победата откако во првиот натпревар во Романија заврши без победник 31-31.
Денеска најефикасен во редовите на Алкалоид беше Александар Петковски со седум гола, пет постигна Марко Стојковиќ.
Во полуфиналето Алкалоид ќе игра против Рунар Сандефјорд од Норвешка кој во четвртфиналето беше подобар од Олимпијакос.