EPA-EFE/Siu Wu

Шпанскиот мотоциклист Алекс Маркес го продолжи договорот со тимот на Гресини кој се натпреварува во Мото ГП шампионатот, соопштија од италијанскиот тим. Договорот на Маркес е на две години.

Со италијанскиот тим Маркес освои два подиуми во 2023 година, трето место на ГН на Аргентина и второ место во Малезија, а забележа и две победи во спринт трките во Велика Британија и во Малезија.

Маркес моментално е на 10. место во генералниот пласман на Мото ГП шампионатот.