Многу се радува!
Откако познатата српска поп-пејачка Александра Радовиќ, која пред Нова година имаше концерт во Скопје, дозна дека во Македонија наголемо се подготвуваат македонски игран филм (скапоцен проект), а кој подразбира и серија, како и документарец за македонската музичка поп-икона, ангелот Тоше Проески, таа во своите изјави сè почесто дава максимална поддршка. Максимално се радува! Радовиќ воедно истакна дека овој настан има големо значење и за сите останати простори на поранешна Југославија, бидејќи песните со Тоше се слушани и сè уште омилени од Вардар до Триглав.
Пејачката ја истакна и нејзината поврзаност со Тоше. За првпат открива и некои приватни детали, а и тогаш кога Тоше пеел нејзина песна. Воедно се потсети и на проектот во кој таа со свои колеги од естрадата од Босна, Србија, Хрватска и Словенија учествуваше пеејќи ги најголеми хитови од репертоарот на Тоше како неговото и нашето непроценливо музичко дело. Д.М.