Екипата на Оклахома успеа да го победи Мемфис на гостински терен со 114:108 и да поведе со 3:0 во плејоф-серијата во Западната конференција. Иако губеше со 29 поени разлика, Тандер, предводени од Шеј Гилџус-Александер, кој наскоро и официјално ќе стане новиот МВП во НБА, дојде до голем пресврт и победа, што го доведе на чекор до пласман понатаму.

Шеј постигна 31 поен, четири скока и осум асистенции во победата на Оклахома и, можеби, покажа зошто е во моментов пред Никола Јокиќ во трката за МВП- наградата, која се води во текот на целата тековна сезона. Иако е Јокиќ пред канадскиот кошаркар според бројките, очигледно е дека добрите резултати на Оклахома во голема мера влијаат на идната одлука тој да го наследи Србинот на тронот за најкорисен играч.

Оклахома имаше најдобар резултат на Западот во регуларната сезона (68:14), што е многу подобро од Денвер, кој успеа да стигне до четвртото место и покрај многуте кризи, додека Шеј беше и најдобар стрелец во сезоната, што е уште една причина. Претходно, дури 87-мина новинари гласаа за Канаѓанецот во трката за МВП.

Јокиќ има просек од трипл-дабл оваа сезона, што го прави еден од најдоминантните играчи во лигата, но Шеј ќе ја однесе дома ласкавата награда за најкорисен играч (МВП).

За разлика од Тандер, кој води со 3:0 против Мемфис, Денвер претрпи тежок пораз од Клиперс (117:83) и сега губи со 2:1 во серијата пред следното гостување во Лос Анџелес.

 

ИЗДВОЕНИ