Австралискиот УФЦ борец со македонско потекло, Александар Волкановски, повторно го запиша своето име во историјата на ММА, откако го совлада Диего Лопез со едногласна одлука на судиите и повторно се закити со шампионскиот појас во перолесна категорија.
Во текот на мечот, Волкановски доби тежок удар во левото око, што му предизвикало привремено губење на видот. И покрај тоа, тој не се откажа – напротив, продолжи храбро да се бори до крај, а воедно ја имаше контролата врз борбата.
- Во еден момент примив удар директно во окото и буквално не гледав ништо на тоа око. Се обидував да го вратам видот и полека почнав да гледам, иако заматено. Но, се снајдов, ја следев ситуацијата и го контролирав текот на борбата, изјави Волкановски по мечот.