Александар Усик: Уште две борби и заминувам во пензија

60

Украинскиот боксер Александар Усик изјави дека му преостануваат уште две борби во кариерата и дека сака да се соочи со победникот од дуелот меѓу Даниел Дубоа и Џозеф Паркер. Непоразениот светски шампион во тешка и крузер категорија успеа да ги обедини сите четири главни титули во тешка категорија со победата над Тајсон Фјури во мај минатата година.

Ќе се борам со победникот од мечот Дубоа-Паркер, нема проблем. Мислам дека ми остануваат уште една и пол или две години во рингот, значи две борби. Се чувствувам навистина одлично“, изјави освојувачот на златниот медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Дубоа сака да му се одмазди на момчето од Крим за поразот што му го нанесе со нокаут во август 2023.

ИЗДВОЕНИ