Foto: P.Stojanovski

Алексансар Стефанов е нов претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Тој на оваа функција ќе го наследи најуспешниот прв човек во историјата на мак-ракометот Живко Мукаетов.

Александар Стефанов е поранешен ракометар и сегашен главен спонзор на ракометниот суперлигаш Бутел од Скопје, преку компанијата Фабрика Карпош АД Скопје каде е член на Управниот одбор.

Стефанов ќе биде шести претседател на РФМ во историјата на независна Македонија. Освен Живко Мукаетов (2013-2025), на функцијата прв човек на македонскиот ракомет бе уште: Михајло Михајловски (2008-2013), Трифун Костовски (2003-2008), Душко Кадиевски (1999-2003) и Иван Бојков (1989-1999).

Стефанов беше избран за нов претседател едногласно со поддршка на сите делегати на изборното Собрание кое се одржа во Скопје.

ИЗДВОЕНИ