Кошаркарите на Пелситер го претрпеа првопт пораз во новата сезона во АБА2 лигата, откако загубија на гостувањето кај Подгорица со 90:79. Иако тимот од Битола водеше во поголемиот дел од натпреварот, сепак потклекна во завршницата кога прими 22 поени, а постигна само четири.

  • Честитки за Подгорица за победата. Навистина неверојатен пресврт во последните три до четири минути од натпреварот. Не поремети четвртиот фаул на Едвардс, морав да направам измена, потоа загубивме некарактеристични пет топки и на крајот буквално им дадовме се во раце за да постигнат лесни поени. Резултатот не е реален, бидејќи 30 минути функциониравме без грешка, но тоа е кошарката, одиме понатаму. Ќе се бориме до крај, истакна предводникот на Пелистер, Александар Петровиќ.