Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, го објави списокот за двата натпревара со Литванија во ноемврискиот прозорец на ФИБА, во рамки на квалификациите за Евробаскетот. Натпреварите се закажани за 18 и 21 овој месец, а на списокот се најдоа најискусните.
Првиот натпревар се игра во Скопје и тоа треба да биде подобра шанса за изненадување против главниот фаворит во групата „Х“, па поради тоа што се очекува предизвикот да биде навистина голем, а Јончевски се одлучи за проверени сили, пред се тука се мисли на Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс.
Повикани играчи од селекторот Јончевски: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков.