Данскиот ракометен шампион Алборг конечно успеа да ја совладаат Барселона. Данците во натпревар од 11.коло од Лигата на шампионите на домашен терен славеа над кталонскиот тим со 36:35. Ова беше реприза на минатогодишниот финален меч, а сега Данците се покажаа како поуспешни и донесоа голема радост за своите навивачи, кои досега ниту еднаш не беа сведоци на триумф над најтрофејниот тим во најсилното клупско ракометно натпреварување.
Легендарниот голман Никлас Ландин уште еднаш покажа зошто се вбројува меѓу најдобрите ракометари во историјата. Имаше блескаво издание на овој меч и токму со неговата одбрана донесе прва историска победа за Алборг против славниот шпански тим.
Барселона доби пенал во последната секунда од натпреварот, но Ландин го затвори голот по ударот на Мелвин Ричардсон и донесе вистинска експлозија на трибините.
-Направивме се што е во наша можност за да постигнеме гол во последниот напад, но не успеавме. Но, затоа е добро што на голот го имаме Никлас Ландин. Тој е најзаслужен за победата на овој меч, а морам да ги пофалам и навивачите кои направија навистина одлична атмосфера каква што не сум видел до сега во оваа сала, изјави пикерот на данскиот тим Рене Антонсен.
Најдобар поединец кај Алборг беше Арнолдсен со девет гола, додека на спротивната страна ист учинок забележа Французинот Дика Мем.
Колштад оствари изненадувачка победа над второпласираниот Нант и славеше со конечни 29:28. За францускиот тим ова е четврти пораз сезонава, додека Норвежаните стигнаа до четвртата победа и сега имаат осум бода, со кои се вмешуваат во трката за пласман во осминафиналето.
Тимот на Загреб исто така се избори за херојски триумф на гостувањето кај ПИК Сегед (26:27) и покажа дека може да се носи со силните ривали од елитното натпреварување. Најефикасен ракометар во победничкиот тим беше Звонимир Срна, кој запиша осум гола зад своето име.
Ракометарите на Магдебург приредија изненадување и славеа на гостувањето кај Киелце со 29:25. Најефикасни на натпреварот беа Клар и Муше со по седум реализации, додека во поразениот табор со по шест се истакнаа Даниел Дујшебаев и Каралек.