По неполни две сезони минати во Колштад, најголемата норвешка ракометна ѕвезда Сандер Сагосен (29) стави потпис на четиригодишен договор со данскиот шампион Алборг. Сагосен, практично се враќа во клубот, за кој претходно  настапуваше од 2014-2017 година и со кого ја осови титулата во данскиот шампионат.

– Пред единаесет години го доведовме Сандер Сагосен, тогаш само 18-годишен, во Алборг, каде во следните три години со својата игра и вештини ги маѓепсуваше и воодушевуваше нашите многубројни фанови и спонзори. Оттогаш, ние секогаш одржуваме добри и блиски односи со него, и затоа сме среќни и горди што тој избра да се врати во клубот. Во споредба со тогаш, враќаме значително поискусен играч, но ни за секунда не се сомневам дека тој се уште ја има истата амбиција и волја, како што покажа како играч од светска класа и во ПСЖ, Кил, Колштад и во норвешката репрезентација.

Со 73 гола и 75 асистенции во последната сезона во Лигата на шампионите кажуваат и на кое ниво е Сандер, па тој ќе биде уште едно важно засилување за тимот, во напорите да ја оствариме нашата цел за севкупна победа во Лигата на шампионите, изјави директорот на Алборг, Јан Ларсен.

Сандер Сагосен исто така беше воодушевен што се враќа во клубот во кој играше како тинејџер.

– Никогаш не го криев фактот дека некои од најдобрите години во мојата кариера беа оние што ги имав во Алборг. Имам многу убави спомени од овде и затоа сум среќен што имам можност да се вратам во клубот, кој толку многу порасна откако бев последен шат тука,  и финансиски, но и во однос на амбициите. Затоа, многу се надевам дека ќе можам да придонесам клубот да ја постигне целта не само да го освои данскиот шампионат, туку и да ја освои Лигата на шампионите, што беше многу блиску до тоа минатата година. вели Сандер Сагосен.

Со оглед на тоа што тој играше за Колштад  во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите претходно во сезоната, не е можно Сагосен да игра за Алборг во преостанатите три натпревари од групната фаза во ЛШ. Но, ќе може да игра во нокаут-натпревари, а веднаш има право да игра во натпреварите во данскиот шампионат.

Норвежанецот играше за Колштар и во периодот од 2012 – 2013 година, потоа го носеше дресот на Хаслум, ПСЖ и Кил.

 

 

ИЗДВОЕНИ