Ракометарите на Алборг славеа на домашен терен, против хрватскиот претставник Загреб со 33:30, со што го исфрлија од Лигата на шампионите, на едно коло пред крајот на групната фаза.
Загреб водеше со два-три гола разлика до средината на вториот дел, кога Данците првпат поведоа (23:22), одржувајќи ја предноста до крајот, што им дава надеж за пласман меѓу првите две екипи во групата.
Најефикасни во победничкиот тим беа Џек Турин и Жул Бастер со по пет гола и голманот Фабијан Норстен со 15 одбрани, додека кај Хрватите се издвои Филип Главаш со осум гола.