Во зоолошкиот парк на југот на Франција, на светот дојде албино желка со црвен стомак, што претставува „редок” настан, соопштија од зоолошкиот пар.
Желката, воден вид родена е во реките и мочуриштата во Австралија и Нова Гвинеја, „релативно често се гледа во заробеништво“, се наведува во соопштението, додавајќи дека „раѓањето на албино желка е исклучително редок феномен“.
Раководството на градината за рептили во Пјерлат вети посебно внимание на желката која е чувствителна на светлина.
Албинизмот е генетско нарушување кое се карактеризира со целосно или делумно отсуство на пигментација на кожата и очите.