Албанскиот премиер на колена пред најмоќната жена на светот/ФОТО

315
Youtube/Printscreen/Il Messaggero

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна на енергетскиот форум во Абу Даби, каде што доби убаво добредојде од албанскиот премиер Еди Рама. Денеска и е роденден на Мелони, а по пристигнувањето на самитот, на кој е вклучена и Албанија, премиерот Еди Рама клекна пред Мелони и и подари црвено-црно пакување во кое имаше шал.

Потоа Мелони и Рама се прегрнаа, а албанскиот премиер одговори и на новинарско прашање дали се плаши од конкуренција во форма на Маск, Трамп или индискиот премиер Моди.

Другите доаѓаат и си одат“, рече Рама.

Рама се обиде и да ги убеди новинарите заедно да испеат роденденска песна за Мелони.

„Не ги засрамувајте“, одговори Мелони.

На овој самит, Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати во средата потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.

„Цврсто веруваме во овој проект кој ги вклучува нашите три влади, како и нашиот приватен сектор и мрежни оператори“, рече италијанската премиерка Џорџа Мелони, објавувајќи го договорот на Светскиот самит за енергетската иднина во Абу Даби.

ИЗДВОЕНИ