Албанците најдоа нов сојузник, а првиот подарок е „ѕвер“ од играч

28
epa10915535 Albania's Jasir Asani celebrates with teammates after scoring the 1-0 lead during the UEFA EURO 2024 group E qualification round match between Albania and Czech Republic in Tirana, Albania, 12 October 2023. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Во рамките на квалификациите за СП 2026, меѓу натпреварите кои ќе привлечат најмногу внимание се дуелите меѓу Албанија и Србија.

Општ е впечатокот дека првото место во таа група е резервирано за Англичаните, за бараж ќе се борат Албанците и Србите, додека Летонија и Андора нема што да бараат во групата.

Недим Бајрами, Томас Стракоша, Мирлинд Даку и Илбер Рамадани се само некои од најголемите ѕвезди на албанската репрезентација кои не се родени во таа земја.

Интересно, пред квалификациите за СП 2026, можно е на Албанците да им се придружи момчето кое го игра во животна форма и со своите игри привлекува големо внимание на Островот.

Роко Вата е роден во Шкотска, игра за репрезентацијата на Ирска, но има албанско потекло, па Фудбалската федерација на Албанија се обидува на секаков можен начин да го убеди да го облече црвениот дрес.

Вата кариерата ја започна во Селтик, а моментално е член на Ватфорд. Во претходниот дел од првенството тој постигна два гола и забележа три асистенции и со тоа го сврте вниманието кон себе.

Иако има само 19 години, повеќе од една година настапува за репрезентацијата на Ирска до 21 година, а веќе постигна шест гола на седум натпревари.

Неговиот татко е Руди Вата, легендарниот капитен на Албанија и човекот кој четири години го носеше дресот на Селтик. За репрезентацијата на својата земја одигра 58 натпревари.

Албанците, кои се сиромашна фудбалска нација, сигурно со раширени раце ќе го прифатат момчето кое е познато како голема надеж на шкотскиот и ирскиот фудбал.

За потсетување, Албанија на 7 јуни ќе ја пречека Србија, што е доволно за комплетирање на сите потребни документи за Вата. Натпреварот во Србија меѓу овие две селекции ќе се одигра на 11 октомври.

 

ИЗДВОЕНИ