Дваесет и три лица во Истанбул починале во рок од 48 часа откако конзумирале домашен алкохол, соопштија вчера турските власти. Најмалку 43 лица се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, соопштија турските власти.
Од почетокот на новата година вкупно 34 лица починале како последица на консумирање домашен алкохол за кој се верува дека причината е метанол, пишува CBS News.
Се верува дека причината е алкохолот со метанол, супстанца која често се додава во алкохолот за да се зголеми неговата јачина. Често се користи во нелегално произведени алкохолни пијалоци наместо етанол, кој е поскап. Но, консумирањето метанол може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.
#İzmir İl #Jandarma Komutanlığınca, Torbalı’da sahte alkol imalathanesine düzenlenen operasyonda;
-Maddi değeri 400 Bin ₺ olan Distilasyon ve Damıtma Cihazı,
-18.000 Litre Etil Alkol,
-40.000 İçki Etiketi ve
-1 Ambalajlama Makinesi ele geçirilerek 2 şüpheli yakalanmıştır. pic.twitter.com/17sCnIUIus— T.C. Jandarma Gn. K (@jandarma) November 5, 2019
Турското Министерство за здравство не сакаше да го коментира случајот, но труењата од конзумирање нелегален алкохол во таа земја нагло се зголемија откако приватното производство се зголеми бидејќи властите ги зголемија даноците на алкохолните пијалоци, јавува Си-Би-Ес.
Најчесто се фалсификува турски национален пијалок со вкус на анасон, Раки, чија цена во продавниците скокна на околу 1.300 лири или 35,10 евра за литар. Од 1 јануари годинава минималната плата во Турција е 607 евра.
Минатата година во Истанбул на 110 лица им се влошила здравствената состојба откако конзумирале домашен алкохол, од кои 48 починале.