АЛАРМ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Вработени под истрага за ВРСКИ СО РУСИЈА

201
EPA-EFE/RONALD WITTEK

Полицијата денеска изврши претреси на бројни локации во Белгија и Франција поради сомневање за соработка меѓу пратеници во Европскиот парламент и руски пропагандисти.

Како што информираат од белгиското обвинителство, претреси се вршат во приватна резиденција во Брисел, и во неколку канцеларии на Европскиот парламент во овој град и во Стразбур.

Случајот е поврзан со некои вработени во Европскиот парламент на кои, според обвинителството, пред изборите во Европската унија им била понудена соработка со руски пропагандисти.

За потсетување, изборите за пратеници во Европскиот парламент се одржуваат од 6 до 9 јуни.

Според претходните анкети, во предност се партиите поблиски до политичката десница.

Меѓу тие партии се и екстремистичките партии како АфД, чии неколку членови беа обвинети за директна соработка со Русија.