epa11903319 Carlos Alcaraz of Spain in action during his first round match against Marin Cilic of Croatia at the Qatar Open tennis tournament in Doha, Qatar, 17 February 2025. EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да освои два трофеја во низа откако беше поразен во финалето во Барселона од Данецот Холгер Руне, а по мечот за титулата пред медиумите зборуваше на повеќе теми, а воедно се осврна и на легендарниот сонародник, Рафаел Надал.

Младиот тениски ас потврди дека турнирите на земјена подлога се едни од најтешките и повторно потсети на успесите на Надал, за кого рече дека е убедливо најдобар на сите времиња.

„Рафа доминираше на оваа подлога, но како што одминуваат годините, сфаќам колку е тешко да се  бидете успешен на земјените терени. Тој постојано имаше проблеми со колената, но наоѓаше начин да ги освојува титулите.

Сега можам комплетно да се посветам на мојот развој, имам одличен тренерски тим и сакам уште да напредувам. Би сакал да чекорам по неговите стапки, иако знам дека тоа скалило за успех е многу високо“, рече Алкараз.

Во моментов Алкараз е на второто место на АТП-листата, а следен настап ќе му биде оваа недела на турнирот во Мадрид, каде што исто така ќе се вбројува меѓу фаворитите за трофејот.

ИЗДВОЕНИ