Холивудскиот актер Дензел Вашингтон се крстеше во црква во њујоршкиот кварт Харлем, а во исто време добил и свештеничка дозвола, објавија американските медиуми.
„За една недела ќе наполнам 70 години. Ми требаше уште малку време, но тука сум. Ако Бог може да го направи ова за мене, нема ништо што не може да направи за вас. Само небото е граница“, рекол актерот, а пренесува магазинот „Верајети“.
На церемонијата на крштевањето присуствуваше и неговата сопруга Полета, која истакна колку е горда на својот сопруг. Во ноемвриското издание на Esquire, Вашингтон рече дека не е толку модерно да се биде религиозен во Холивуд.
„Тоа не е кул“. Но, тоа не значи дека луѓето во Холивуд не се верници“, додаде тој.
Вашингтон рече дека сега знае „дека Господ е љубовта, единствениот и вистинскиот пат“, пренесува Танјуг.