Актерката Џејмик Ли Кертис, една од многуте познати личности кои мораа да побегнат од пожарот во Калифорнија, изјави денеска дека нејзиното семејство ќе донира милион долари за помош на погодените.
Оскаровката во објава на Инстаграм наведе дека таа и нејзниот сопруг, актерот и режисер Кристофер Гест, заедно со своите деца, основале фонд за поддршка „на нашиот голем град и држава и големите луѓе кои живеат таму“.
Кертис рече дека била во контакт со официјалните лица за тие средства да се насочат само таму каде што е најпотребно, пренесува Ројтерс.
Нејзината објава содржеше и фотографија од чадот кој се издигнува над познатото пристаниште на Санта Моника.
„Мојата заедница, а можеби мојот дом гори„, наведе Кетис во објавата.
Кертис е меѓу неколкуте филмски и ТВ ѕвезди кои жевееја во Пацифик Палисадес, луксузен приморски регион зафатен од пожарот кој неконтролирано изби во вторникот.
Пожарот во Парисадес и уште еден источно од Лос Анџелес, уште не е изгаснат.
Најмалку пет лица настрадаа во пожарите што зафатија делови од Лос Анџелес и од соседниот округ Вентура, поради што се евекаурани 130.000 луѓе.
„Би-Би-Си“ наведува дека во моменотт најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и во соседниот округ Вентура, а дека ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вуди, пренесува Танјуг.