Џеси Кејв, актерката која ја играше Лаванда Браун во трите филмови за Хари Потер, на социјалните мрежи откри дека отвора профил на „OnlyFans“, посветен на нејзината коса.
Во видеото на Инстаграм, таа рече дека на претплатниците ќе им понуди „најквалитетни звуци на косата“ и „многу сензуални работи“. Кејв нагласи дека нема да објавува сексуални содржини на „OnlyFans“, туку дека нејзините видеа ќе бидат наменети за луѓе со фетиши на коса, пишува „Variety“.
- Започнувам OnlyFans, но не од сексуална природа, објасни Кејв во нејзиниот подкаст „Before We Break Up Again“, додавајќи дека OnlyFans не се занимава исклучиво со сексуална содржина, иако тоа е она по што е најдобро познато.
- Тоа е фетиш. Фетишот не мора нужно да биде сексуален, додаде актерката.