Златан Стипишиќ Џибони ја претстави новата песна „Дрво“, чиј композитор и текстописец е самиот тој. Хрватскиот кантавтор уште еднаш докажа дека е поинаков.
Песната го добила името по истоимената книга. Станува збор за збирка текстови и своевидна приказна на дури 26 хрватски писатели инспирирани од песните на Џибони.
И песната трае невообичаено долго според денешните стандарди на музичката индустрија – дури шест и пол минути.
Токму затоа популарниот Џибони подготви специјална објава.
„Песната е благодарност до сите луѓе кои наоѓаат трпение во ова лудо време, во кое живееме пребрзо и преповршно и кои одвојуваат шест и пол минути од својот скапоцен живот и ја слушаат песната од почеток до крај“, рече меѓу другото Џибони.
Вели дека е свесен е дека песната нема да добие премногу простор во медиумите, и дека претстои борба.
Сепак, тој не крие дека токму поради тоа таа му е омилена.
На потег се трпеливите!