„Ако Трудо испрати војници во Украина, и Украинците ќе ја бранат Канада од САД“, вели Захарова

1208

Доколку канадскиот премиер Џастин Трудо испрати свои војници во Украина, украинските бегалци најверојатно ќе ја бранат Канада од територијалните претензии на САД, изјави во неделата портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа реагираше на изјавата на Трудо дека сите опции се „на маса“ кога станува збор за испраќање мировници во Украина, пренесува РИА.

„А кој ќе ја брани канадската почва во случај на американска експанзија кон север? Очигледно, Украинците кои побегнаа во Канада за да избегнат мобилизација“, напиша Захарова на нејзиниот Телеграм канал.

Претходно вчера Трудо рече дека Канада ги разгледува сите начини на кои може да и помогне на Украина.

„Разговори за тоа како да се одржи мирот кој сè уште не е воспоставен, но Канада ќе биде таму и е отворена да го направи она што е неопходно“, рече Трудо по средбата со европските лидери за Украина во Лондон.

Тој, исто така, изрази поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговиот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп и рече дека е важно јасно да се постават фактите.

Одговарајќи на прашањето дали Америка под Трамп и понатаму е сојузник на Канада, Трудо нагласи дека Вашингтон и Отава се „секогаш сојузници“, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ