Рајанер, водечката европска нискобуџетна авиокомпанија, целосно се префрла на дигитални билети од 3 мај 2025 година. Патниците на Ryanair повеќе нема да имаат потреба да имаат хартиени карти за влегување во авион, туку се ќе прават преку апликацијата myRyanair.
Што значи ова за патниците?
Побрзо и поедноставно пријавување – сè се прави преку апликацијата myRyanair.
Без дополнителни трошоци за пријавување – сите патници се пријавуваат онлајн.
Повеќе еколошки патувања – се заштедуваат над 300 тони хартија годишно.
Подобра контрола на патувањето – ажурирања на летови и порти (гејт) во реално време.
Речиси 80 проценти од патниците веќе користат дигитални билети, а Ryanair сака да се погрижи сите патници да уживаат во придобивките од побрзо и полесно пријавување
Што има ново во апликацијата myRyanair?
Опција Order to Seat – нарачајте пијалоци или закуски веднаш од вашето седиште
Известувања за летови во реално време – добивајте информации за портата, одложувањата и промените
Точни ажурирања од оперативниот центар на Ryanair
Алтернативи за откажување – побрзо наоѓајте заменски летови
Зошто Ryanair ја воведува оваа промена?
Оваа иницијатива не е корисна само за патниците, туку и за животната средина. Со дигитализирање на билетите, Ryanair елиминира повеќе од 300 тони отпад од хартија годишно, со што значително се намалува загадувањето.
„Време е за промена. Како што концертите, спортските настани и железничкиот транспорт веќе се префрлија на дигитални билети, авиокомпаниите го следат примерот.
„Со тоа што поголемиот дел од нашите патници ја користат апликацијата myRyanair, преоѓањето на 100% дигитални карти за летовите ќе овозможи побрзо, полесно и поодржливо патување“, рече Дара Брејди, CMO на Ryanair.
Како да се подготвите за промена?
Преземете ја апликацијата myRyanair (достапна за Android и iOS)
Регистрирајте се и внесете ги вашите податоци.
За време на пријавувањето, генерирајте дигитален билет
По пристигнувањето на аеродромот, само скенирајте го QR-кодот на вашиот телефон, пренесува putoholičari.net