Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија и близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, разговарал со неколку украински воени затвореници и на еден од нив му понудил пиштол за да се самоубие, пренесува „Киев пост“. Снимката од разговорот ја објави руската државна новинска агенција „ТАСС“.
На вознемирувачкото видео се гледа Кадиров, а зад него е голем брод претставници на медиумите. Тој разговара со затворениците и во еден момент се обраќа на еден од нив на кој му нуди пиштол да се убие.
Кадиров: Ако ти дадам пиштол, ќе се убиеш?
Затвореник: Не.
Кадиров: Зошто?
Затвореник: Сакам да живеам.
Кадиров: Во војна се убива, си бил да убиеш некого или да умреш. Ќе ти дадам пиштол за да се убиеш и да останеш запаметен како херој.
Затвореник: Не.
Кадиров: Не сакаш? Тој сака да убие, но не е подготвен да се убие. Војната не функционира така, или убиваш или те убиваат. Мора да го разберете тоа, ова не е цртан филм. Ова не е бајка.
Пред овој вознемирувачки разговор Кадиров ги натера да извикуваат „Русија, Русија“. Тој потоа ги испрашувал украинските затвореници за нивните услови, а потоа им предложил тие да не бидат во затвори, туку да бидат распоредени во Чеченија како „човечки штитови“.