Ако сакате да го успорите стареењето избегнувајте ги овие напитоци: Го уништуваат колагенот и еластинот во кожата

116

Изборот на пијалок има значително влијание врз здравјето на кожата, истакнуваат експертите. Додека некои пијалоци можат да ја хидрираат кожата и да помогнат во одржувањето на сјајот, други се полни со шеќер, хемикалии и адитиви кои го забрзуваат стареењето и ја оштетуваат еластичноста.

Дерматологот д-р Шерил Розен и други експерти открија кои пијалоци треба да ги избегнуваме ако сакаме да го зачуваме здравјето на кожата и да го спречиме предвременото стареење.

1. Засладени сокови како ладен чај

Друг популарен пијалок кој може негативно да влијае на кожата е ладен чај, особено кога е многу засладен.

„Прекумерното внесување на рафиниран шеќер предизвикува внатрешно оштетување на колагенот и еластинот во кожата, создавајќи напредни финални производи за гликација (AGEs)“, објаснува експертот за здравје на кожата, д-р Симран Сети.

Овие оштетувања ја намалуваат цврстината и еластичноста на кожата, правејќи ја подложна на дехидрација и формирање на брчки, додава д-р Сети. Како алтернатива препорачува конзумирање на овошје кое може да ја задоволи желбата за слатко и во исто време да ја хидрира кожата поради високата содржина на вода.

2. Газирани пијалоци со многу шеќер

Газираните сокови, познати по нивното штетно дејство по здравјето, сериозно влијаат на кожата, предупредува д-р Розен.

„Хемикалиите како фосфор, калиум и кофеин ги екстрактираат минералите од коските и ги оштетуваат клетките во телото“, изјави таа за SheFinds, цитирана од Index.hr.

Покрај тоа, диеталните сокови, иако немаат шеќер, содржат штетни хемикалии кои можат да предизвикаат предвремени брчки и воспаление.

Дерматологот д-р Елејн Канг објаснува како гликозата и фруктозата во овие пијалоци го оштетуваат колагенот и еластинот во кожата.

„Овие соединенија ја отежнуваат регенерацијата на кожата, што придонесува за побрзи брчки и дехидриран изглед“, додава тој.

Експертите ја препорачуваат водата како најдобар избор.

3. Преработено кафе во шишиња

Кафето може да биде дел од утринската рутина, но преработеното флаширано кафе, кое е полно со шеќери и адитиви, е исклучително лошо за кожата.

„Овие кафиња се полни со токсини кои ја сушат кожата, особено ако често се консумираат. Кофеинот во овие пијалоци може да ја одземе еластичноста и природниот сјај на кожата“, вели дерматологот д-р Надир Кази.

Ваквите кафиња често содржат сирупи, вештачки бои и масти кои дополнително ја влошуваат дехидрацијата на кожата, истакнува нутриционистот Дејна Елис Ханс.

За поздрава алтернатива, експертите препорачуваат црно кафе, кое дава енергија без вишок калории и штетни состојки.

„Црното кафе е едноставен, здрав и нискокалоричен избор кој помага да се зачува еластичноста на кожата“, додава д-р Кази.