Рускиот тенисер Данил Медведев се мачеше на стартот на грен слем турнирот Австралија опен и уште во воведното коло играше пет сета, или поточно, се враќаше од негатива од 2:1.
Иако беше крајно нервозен откако го загуби вториот сет, Русинот успеа да остане прибран и лесно направи пресврт со добиени два сета во низа (6:1 и 6:2), но фактот што беше сериозно предизвикан од досега анонимен тенисер од Тајланд го инспирираше да има и една лудачка изјава.
Касидит Самреј се погрижи Медведев да има едно нависитна тешко попладне во Мелбурн, па на крајот доби и зборови кои дефинитивно може да се слушнат само од откачениот Русин.
– Ако го игра секој следен меч вака како против мене, неговиот живот може да биде добар. Може да има пари, жени, да оди во казино…. Што и да посака, – изјави Медведев и ги изнасмеа присутните на трибините.
Рускиот тенисер во втората рунда вкрстува со Американецот Лирнер Тин, а ако ја мине и втората пречка, потоа следи дуел со Муте или Кругер.
Daniil Medvedev had a hilarious interview after beating Samrej at Australian Open
“If he plays like this every match.. his life can be good. Money, girls, casino… whatever.” 😂
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) January 14, 2025