Од ЕВН Хоум информираат дека бројот на пристигнати поплаки во овој период е за 20 отсто помал отколку во периодот декември 2023 – јануари 2024 година. – Сите граѓани кои сметаат дека нивната сметка за потрошена електрична енергија е неточна имаат законско право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во рок од 8 дена. Пријавата мора да содржи број на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата и се доставува на адресата [email protected]

Ако ЕВН не одговори во законскиот рок или граѓаните не се задоволни од одговорот, можат да се обратат до РКЕ на [email protected] или [email protected], приложувајќи ги документите од постапката со ЕВН. РКЕ ќе изврши независна истрага и ќе донесе обврзувачко решение. Доколку РКЕ донесе одлука во полза на граѓанинот, ЕВН е законски обврзан да ја коригира сметката, најчесто со пресметковно намалување на следните фактури. Во случај на негативна одлука, граѓаните имаат право да поведат управен спор

Во периодот декември 2024 – јануари 2025, до ЕВН Хоум биле пристигнати 15 илјади приговори oд 820 илјади броила колку што ги има во земјава, а поради високи сметки за потрошена електрична енергија. Само мал број од овие пријави (15%) се ревидирани според новопрочитаната состојба на броилата, а за останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка.

Од ЕВН Хоум информираат дека бројот на пристигнати поплаки во овој период е за 20 отсто помал отколку во периодот декември 2023 – јануари 2024 година.

– Сите граѓани кои сметаат дека нивната сметка за потрошена електрична енергија е неточна имаат законско право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во рок од 8 дена. Пријавата мора да содржи број на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата и се доставува на адресата [email protected] – велат од Министерството за енергетика од каде иницираа средби со сите релевантни страни со цел транспарентно и правилно информирање на јавноста.

Оттаму посочуваат дека доколку граѓанинот не е задоволен од одговорот, има право на жалба до Регулаторната комисија за енергетика, и заклучно со 28.02.2025 година до регулаторот се пристигнати 345 приговори.

– Ако ЕВН не одговори во законскиот рок или граѓаните не се задоволни од одговорот, можат да се обратат до РКЕ на [email protected] или [email protected], приложувајќи ги документите од постапката со ЕВН. РКЕ ќе изврши независна истрага и ќе донесе обврзувачко решение – велат од Министерство за енергетика.

Доколку РКЕ донесе одлука во полза на граѓанинот, ЕВН е законски обврзан да ја коригира сметката, најчесто со пресметковно намалување на следните фактури.

– Во случај на негативна одлука, граѓаните имаат право да поведат управен спор – потенцираат од Министерството.

Според законот, ЕВН Хоум е должно квартално, на секои три месеци, да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни.

– Од ЕВН Хоум информираат дека околу 85 отсто од броилата се отчитуваат секој месец. Меѓутоа има броила кои се поставени во имотот на корисниците и кои не можат да се отчитаат доколку корисникот не е присутен. Вкупно 15 отсто од броилата, во кои влегуваат непристапни, во одделни рурални средини, се читаат два пати годишно – велат од Министерството за енергетика.

Во период од три месеци биле отчитани над 95 проценти од броилата.

– За броилата што нема можност да се отчитаат во текот на месецот, фактури се изготвуваат врз основа на прогнозирана потрошувачка преку автоматски алгоритми, каде што основот е кривата на потрошувачка и потрошувачката во последните 12 месеци – појаснуваат од Министерството и велат дека според информациите на ЕВН Хоум, по воведувањето на блок тарифите, се вовел и механизам на проверка.

Доколку граѓаните се сомневаат дека нивните броила не се редовно отчитувани можат да ја споредат фактурата со вистинската состојба на броилото, а ЕВН е должно да реагира. Граѓаните имаат можност и сами да пријават состојба со отчитување на броилото и да ја пратат на мели адресата на ЕВН или да поднесат барање до ЕВН Хоум за физичко отчитување на броилото и проверка на блоковите, доколку не се во можност сами да го отчитаат броилото. Воедно може да побараат и доказ за отчитување.

Според законот, ЕВН мора да обезбеди потврда за кварталното отчитување. Доколку ја нема, граѓанинот има право на ревизија.

Сите корисници кои сакаат сами да ги пријават состојбите на броилата тоа можат да го направат на https://evnonline.mk/index/meterdata или https://evnonline.mk/payment/meterdata, или со електронски допис на [email protected] или [email protected], како и со јавување во Кол-центарот на ЕВН на телефонскиот број 02 32 05 000.

Од Министерство за енергетика нагласуваат дека во тек се активности за активирање на современа апаратура за проверка на броилата во Бирото за метрологија со што ќе се овозможи дополнителна независна верификација и проверка на броилата, по жалба на потрошувачите.

Ако влегувањето во четвртиот блок е поради претходни неотчитани месечни состојби, фактурата веднаш се корегира

Според информациите на ЕВН Хоум, по вовeдувањето на блок тарифите се вовел механизам на проверка. За потрошувачката на корисниците кои прв пат влегуваат во четвртиот блок се појавува „системска нотификација“ и истите секогаш поединечно се проверуваат од страна на Електродистрибуција. Овој процес се спроведува пред да му се достави фактурата на корисникот. Во ваков случај, доколку влегувањето во четвртиот блок е последица на претходни неотчитани месечни состојби, односно нефактурирани киловат-часови, фактурата веднаш се корегира.

Цената на струјата е поделена во четири блокови. Колку повеќе се троши струја, толку повисока е тарифата. Дневното препорачано ограничување е до 7 kWh (прв блок). Информации за тарифен систем и пресметка на потрошувачка на електрична енергија по блокови ЕВН Македонија.

  • Прв блок: Најниска цена 4,4376 ден за kWh – за потрошувачка до 210 kWh (или просечно 7 kWh дневно)
  • Втор блок: Цена 5,5664 ден за kWh – од 211 kWh до 630 kWh
  • Трет блок: Цена 7,4314 ден за kWh – од 631 kWh до 1.050 kWh
  • Четврт блок: Највисока цена 18,3035 ден за kWh – над 1.051 kWh

Евтина тарифа секој ден од 13-15 часот и од 22 до 07 часот – 1,9765 ден за kWh

– Ако забележите дека сте близу до горната граница на блокот, намалете ја  потрошувачката во следниот период. Со редовна контрола можете да ги намалите ризиците – велат од ЕВН Хоум.

(С.Бл.)

 

 

ИЗДВОЕНИ