Акцијата „Вардар“ дотече и во Македонија – се принтале фалц евра и долари во домашни печатници

МВР, ЕВРОПОЛ И ИНТЕРПОЛ НА ТЕРЕН ПРОТИВ МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА МРЕЖА КОЈА ОПЕРИРАЛА ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ

138

Голема акција на територијата на повеќе градови во Македонија спроведе вчера македонската полиција преку Бирото за јавна безбедност, заедно со полицајци на ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ. Се бараше поголема количина на фалсификувани евра и долари. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал потврдија дека акцијата се одвива на територијата на повеќе градови и има меѓународен карактер. Освен засиленото присуство на македонските полициски сили, во операцијата учествуваат и странски службеници на ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, кои ја координираат акцијата заедно со македонските власти.

Според информациите, целта на акцијата е запленување на голема количина фалсификувани евра и долари и разбивање на меѓународна криминална група која оперира во повеќе држави. Полициските служби работат на откривање на сите вклучени членови во оваа мрежа, како и на заплена на фалсификуваните банкноти пред тие да завршат во оптек. Дополнително, истрагата е насочена и кон идентификување и демонтирање на домашна печатница, каде што се произведуваат фалсификувани евра и долари. Ова укажува дека станува збор за организирана група, која можеби има свои соработници и во други земји.

Во текот на вчерашниот ден српската полиција, како дел од големата меѓународна полициска акција под кодното име „Вардар“ за откривање на фалсификатори на евра, приведе шестмина во Нови Сад, Нови Пазар, Суботица и Сомбор. Акцијата на српската полиција е во координација со македонската полиција и со ЕВРОПОЛ, а при апсењето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.

 

ИЗДВОЕНИ