Вработени, ученици, родители и претставници од Општина Центар викендов го разубавуваа дворот на ООУ „11 Октомври“.
Станува збор за акција за чистење и уредување, која е дел од кампањата „Центар не чека, Центар чисти“.
– Одговорноста за чиста околина ја носиме сите. Не само што чистевме туку и учевме за важноста на грижата за природата – потенцираат од Општина Центар.
Оттаму додаваат дека акциите продолжуваат.
Секој може да пријави смет и диви депонии на телефонските броеви 076/350-767 и 02/3203-693.