Акција на гаснење на депонијата кај Алинци

46

Општина Прилеп деновиве спроведува акција за гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци, кој, според првичните информации, најверојатно е предизвикан од човечки фактор.

– Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и со поддршка од општествено одговорните компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно, со цел целосно елиминирање на огнот, иако временските услови се исклучително тешки и е намалена видливоста поради маглата. Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност, да не дозволуваме вакви ситуации, кои ги загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот – велат од Општина Прилеп.

ИЗДВОЕНИ