Општина Тетово почна акција за чистење на коритото на реката Пена. Откако се намали водостојот на реката, беа видливи големите количини смет што несовесните граѓани ги фрлаат таму, па практично речното корито повеќе наликува на депонија.
– Излегов на терен да ја видам одблиску акцијата за чистење на коритото на реката Пена. Оваа акција опфаќа чистење на коритото, како и сечење гранки од дрвја што моментално го попречуваат текот на реката. Оваа акција има цел да обезбеди послободен и порегулиран проток на реката, минимизирајќи го ризикот од поплави и зачувување на интегритетот на природната средина. Ги повикувам граѓаните да се грижат за животната средина и да не фрлаат ѓубре во реката – рече градоначалникот Биљал Касами.