Акција за пошумување на опожарените подрачја во Македонија

96

Хуманитарната организација „Свети Спас” заедно со Johnson Matthey Macedonia, организира акција за пошумување на опожарените подрачја во Македонија.

– Ќе пошумуваме со 10.000 садници багрем и чемпрес (во договор со локалната власт). Утре и в четврток, акцијата „10.000 дрва позелено” ќе се спроведе на неколку локации во Македонија – информираат од хуманитарната организација „Свети Спас“.

Утре ќе се засадат  5.000 садници во општина Македонски Брод, а в четврток 4.000 садници во селото Негорци, општина Гевгелија и 1.000 садници во Драчево, општина Кисела Вода.

Во акцијата ќе земат учество над 200 вработени во Johnson Matthey Macedonia, општините и градоначалниците, локалните противпожарни единици, локалните единици на Македонски шуми, како и волонтери од нашата организација.