Ајватовски Рид се пошумуваше со 1.100 багреми и чемпреси

481

Општина Илинден денеска спроведе масовна акција за пошумување на Ајватовски Рид, делот што беше опфатен со големите пожари, кога беше уништена шума во површина од 30 хектари.

– Во акцијата, која се спроведуваше во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“, насадени се 1.100 садници од видот багрем и чемпрес, а учествуваа голем број граѓани и ученици, јавните претпријатија, општинската администрација. Целта е да се обнови шумата и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина, чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние, но и генерации по нас – соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој присуствуваше на акцијата, истакна дека обврска на секој од нас е активно да се грижи за подобрување на еколошката свест, со цел да се придонесе за чист воздух и за здрава животна средина, потенцирајќи дека ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина.

 

ИЗДВОЕНИ