Ајвар за 20 минути?! Совршен како оној што го пржите со часови

74

Заборавете на повеќечасовното мешање со дрвена лажица и натечени нозе од стоење покрај шпорет… Овој рецепт слободно може да се нарече „рецепт на иднината“, кон кој ќе се ориентираат не само вработените жени, туку и оние кои сакаат слободното време да го искористат за некоја прошетка, добра книга, гледање филм, а не во правење ајвар со часови.

Тајната на брзиот ајвар секако е во подготовката, а за неа ќе ви бидат потребни:

7 кг пиперки

400 мл масло за јадење

5 лажици шеќер

3 лажици сол

конзерванс

Начин на подготовка:

Пиперките испечете ги еден ден претходно, излупете ги и процедете ги. Оставете убаво да се исцедат преку ноќта, а другиотн ден сомелете ги. На шпорет загрејте го маслото, се додека убаво не зоврие. Во садот во кој се наоѓаат пиперките додадете ги сите состојки освен конзервансот, прелијте го со врелото масло, поклопете го и оставете да отстои 20 минути. Потоа ставете го на огин да се вари уште 20 минути, а на самиот крај додадете го конзервансот.

Готовиот ајвар сипете го во врели тегли и затворете ги додека се уште се топли.

Уживајте во вкусот!