Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска, кое било транспортирано во возило што го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.
Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контролата било во фаза на отопување.
Во запленетото возило небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 Целзиусови степени) и без никаква документација за потеклото – ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот, соопшти АХВ.