Скандирањето „УЧК, УЧК“ од говорницата на неделниот митинг во Скопје за лидерот на ДУИ Али Ахмети не е спорно, бидејќи УЧК е гордост на Албанците и оти ја спасила Македонија.ја спасила Македонија.
„Да не се враќаме во минатото и да се огорчуваме зашто викав „УЧК“ – порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од митингот во Дебар во неделата вечер и додаде “оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што викав ‘УЧК’, но УЧК е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија”, рече Ахмети.
Ахмети ова го кажал по реакциите што ги предизвика неговото скандирање „УЧК, УЧК“ на митингот на „Европскиот фронт“ и кандидатот Бујар Османи во Скопје пред една недела. Овие зборови на Ахмети од говорницата се главна тема за коментари и меѓу граѓаните и меѓу партиите и по социјалните мрежи.
Тој ја прокоментирал и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оти Ахмети му праќал емисари, со цел ДУИ да влезе во коалиција со неговата партија по изборите. Обраќајќи му се на Мицкоски, рекол оти коалицирал со партии на етничките заедници кои тие ги презираат.
„Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив овој фронт непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и босанската. Се трудиме овој Устав што го направивме уште поблизок до граѓаните на Република Македонија, да ги вклучи бугарската, египетската, црногорската и хрватската заедница. Охридскиот договор и промената на политичко-правниот статус на Албанците не ја уништија Македонија“ – изјавил Ахмети.