На натпреварот „American protege“, кој се одржува секоја година во „Карнеги хол“, Њујорк, во декември 2024 настапи Агнеса Русомаровска од Скопје.
Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење на разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre.
Дванаесетгодишната Агнеса настапи во категоријата Бродвеј со „Tomorrow“ од мјузиклот „Annie“. Беше придружувана на пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.
Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во „Карнеги хол“.
Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година, во сите категории.
Со музика се занимава од четиригодишна возраст, а под водство на наставник, пет години пее во детски хорови. Последните две години, оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, која ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.
Под нејзино менторство, Агнеса се пријави на натпреварот „American Protege“, а победниците беа повикани да настапат во „Карнеги хол“ во Њујорк.
Претходно, Агнеса настапи на два меѓународни натпревара во Скопје, во МНТ и во МОБ, каде што го освои првото место.