Кабинетот на американскиот претседател објави дека на Асошиејтед прес и е забрането влегување во Овалната соба и официјалниот авион на Доналд Трамп, Ер Форс Уан, до понатамошно известување бидејќи одби да го именува Мексиканскиот залив „Американски залив“, пренесе Хина.
Американската новинска агенција од вторникот се жали дека на нејзините новинари им бил забранет пристапот до настаните во Белата куќа бидејќи одбиваат да го користат новото име што го избра републиканскиот претседател.
„Асошиетед прес продолжува да ја игнорира законската промена на географското име во Американски залив“, напиша заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа Тејлор Будович во петокот на X.
Ако првиот амандман на американскиот Устав за слободата на говорот „го штити нивното право на неодговорно и нечесно известување, тој не им ја гарантира привилегијата на неограничен пристап до ограничените простори, како што се Овалната канцеларија и Ер Форс 1“, нагласи тој.
Во иднина, овие простори ќе бидат отворени за илјадници новинари, а репортерите и фотографите на АП ќе продолжат да имаат акредитација за комплексот на Белата куќа, објасни тој.
АП објасни дека декретот за промена на името на Мексиканскиот Залив важи само во Соединетите Држави, додека Мексико и другите земји и меѓународни организации не го признале.
„Асошиејтед прес ќе го нарекува со неговото оригинално име додека го признава новото име што го избра Трамп“, додава агенцијата.