Американската амбасадорка Анџела Агелер, како и министрите за земјоделство Цветан Трипуновски и за култура и туризам, Зоран Љутков, како и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, присуствуваа вчера на закројувањето винова лоза во Кавадарци, во рамките на прославата на празникот Свети Трифун, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

По традиционално закројување на винова лоза тие се прошетаа по изложбените штандови со вино и производи од вино, на Градски плоштад Кавадарци.

– Во нашето убаво Кавадарци и оваа година го прославивме празникот на виното, чувар на лозјата и заштитник на лозарите Свети Трифун – рече Јанчев, кој во просториите на Општина Кавадарци приреди коктел прием на кој освен домаќините, присуствуваа амбасадори, министри, пратеници, советници, други гости, секако збогатен со добро вино и убава музика.

ИЗДВОЕНИ