Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка до новата заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
„Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер.